Сомнителниот куфер во Косовска Митровица бил празен
Улицата во населбата Бошњачка махала во северниот дел на Косовска Митровица околу 11 часот е повторно отворена за сообраќај, откако е утврдено дека оставениот куфер бил празен, по што од безбедносни причини е уништен.
Полицијата изутрината блокираше дел од улицата поради сомневањата дека во оставениот куфер се наоѓа експлозив.
Регионалниот шеф на оперативната Косовска полиција, Жељко Бојиќ изјави за Танјуг дека куферот бил празен, но по проверката на содржината, која ја спровеле специјализираните сили од безбедносни причини, уништен е на лице место.
- Куферот беше празен, но бидејќи со рентгенскиот преглед е утврдено дека во конструкцијата се наоѓа метална шипка, куферот од безбедносни причини, со мала количина експлозив е безбедно уништен на лице место, рече Бојиќ.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена