Сојузот на Ромите од Куманово на локално ниво нема да учествува во коапицијата „За подобра Македонија“
Претседателството на општинскиот огранок на Сојузот на Ромите од Куманово, на денешната прес-конференција информираше дека на локално ниво се повлекува од Коалицијата „За подобра Македонија“.
Претседателот на општинската организација, Ашмет Османовски, вели дека причина за повлекување од коалицијата е несогласувањето на локалното претседателство со изборот и одлуката донесена на централно ниво за избор на член на кандидатската листа за престојните локални избори.
- Општинскиот огранок на Сојузот на Роми, од денеска, не знаеме до кога, нема да функционира во општина Куманово, затоа што целото претседателство си поднесе оставка. Воедно, ги известуваме граѓаните и другите политички субјекти во општина Куманово, дека на овие избори тимот, односно ова претседателство нема да биде во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, како што беше досега. Причината е тоа што централното претседателство, нашиот досегашен лидер Амди Бајрам и поранешниот заменик министер Ибрахим Ибрахими, без никакви консултации и контакти со нас делегираат човек на листата на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, кој ова претседателство не може да го му даде никаква поддршка на овие избори“, изјави Османовски.
Тој побара разбирање од нивните активности и членови за оваа одлука.
Ново на Сител
-
Откриен нов дел од имунолошкиот систем клучен за борба против бактериите
-
Лаж: Ќе одиме во Барселона да победиме и да се пласираме во следната рунда
-
Крадец на накит проголта обетки од „Тифани“ вредни над 700.000 евра
-
Флик: Не беше лесно по црвениот картон, но издржавме
-
Советот на јавните обвинители утре ќе избира 47 обвинители
-
Англичанка го преименува „Американо“ во - „Украино“ како протест против САД
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка-Куманово
-
Приведен 36 годишник баран со потерница