Македонија
4. јуни 2017 - 17:12

Сочувство од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски до британската премиерка Меј

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски упати телеграма со сочувство до британската премиерка Тереза Меј по синоќешниот терористички напад во Лондон.

- Со длабока тага, шок и огорченост ја примив потресната вест за терористичкиот напад во Лондон. Би сакал да изразам најдлабоко сочувство до Вас, до семејствата на настраданите и до мирољубивиот народ на Англија. Нашите мисли и молитви се со Вас, пишува Груевски.

Овој срамен чин кој се случи вчера, како што вели Груевски, ги вознемири и потресе македонските граѓани.

- Овој срамен чин вчера беше директен и брутален напад врз општеството и човечките вредности. Сите ние заедно сме исправени пред предизвикот наречен тероризам. Република Македонија и граѓаните одлучно се решени, заедно со цивилизираниот и демократскиот свет да делуваат во борбата против тероризмот. Таа борба против тероризмот никогаш нема да запре, а ние никогаш не смееме да се откажеме, пишува Груевски во телеграмата до Меј.