Сочувство и обид за добивање политички поени во Германија по нападот во Ница
Германија е заедно со Франција во битката против тероризмот, порача германската канцеларка Ангела Меркел во врска со нападот во Ница.
- Обединети сме во шокот. Тоа што го чуствуваат сојузниците на Франција за настаните во Ница не може да се опише со зборови, порача канцеларката од Азиско-европскиот самит во Монголија.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, германскиот претседател Јоаким Гаук пак оцени дека „нападот врз Франција“ е напад врз целиот слободен свет.
- Жалиме со Франција денеска и искажуваме целосна поддршка во овие тешки моменти, им порача на француските граѓани германскиот министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер.
Неговиот партиски шеф вицеканцеларот Зигмар Габриел во изразите на сочувство изјави: „До нас пристигнуваат ужасни слики од Ница. Нашите мисли се со семејствата и пријателите на загинатите и повредените“.
А настанот во Ница за изразување сочувство, но и во политички цели го искористи партијата Алтернатива за Германија, чија лидерка преку социјалните мрежи индиректно ја критикуваше германската Влада за својата политика на отворени врати за мигрантите.
- Колку пати?, прашува Фрауке Петри, лидер на АФД користејќи го хаштагот „Граници наместо тероризам“ на својот профил на социјалната мрежа Твитер.
Ново на Сител
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд
-
Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321
-
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички