Собраниските лаптопи биле набавени со швајцарска донација
Собраниските 100 лаптопи кои неодмана биле набавени од Парламентот биле набавени со швајцарски пари како дел од донаторски проект склучен меѓу парламентот и Швајцарска амбасада во јули 2019 година, тврди собранискиот спикер Талат Џафери. Набавката била направена врз основа на програмата за поддршка на Собранието врз основа на проект и стратешкиот олан за работа.
-Лаптопите се за потребите на службениците, немаат никаква врска со пратениците, а најмалку пак за онлајн седници кои сега се споменуваат. Набавката е направена согласно правилата на Бирото за јавни набавки. На набавката не се засместува ДДВ бидејки е донација - вели Џафери.
Собранието лани во јули 2019 година склучило меморандум за соработка со Швајцарската амбасада вреден 11 милиони швајцарски франци кои треба да бидат потрошени во 10 години за јакнење на капацитетите на Собранието и истиот бил објавен веднаш на веб страницата на Парламентот.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче
-
Во домот на 16-годишник пронајдени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми
-
ЦУК: Осум активни пожари, се уште активен пожарот во резерватот Јасен
-
Kуче врзано влечено со автомобил па фрлено во речно корито во Крива Паланка, го спасиле пожарникари | ФОТО
-
Уште еден случај на затруено дете во Куманово
-
Евакуирани 150 лица од лондонска болница поради хемиски инцидент
-
Унгарија бесна на Украина поради нападот врз рускиот гасовод
-
Групна тепачка во угостителски објект во Куманово, приведени пет лица