Собраниската Комисија за здравство се сретнала со дел од членовите на Кризниот штаб за Кочани
Собраниската Комисија за здравство денеска имала средба со членови на кризниот штаб за Кочани, предводени од министерот за здравство Арбен Таравари.
Претседателката на Комисијата за здравство Рашела Мизрахи објави дека денеска се остварила неформална средба помеѓу Комисијата за здравство при Собранието, министерот за здравство, директорот на Фондот за здравствено осигурување и членови на здравствениот кризен штаб оформен за згрижување и спроведување на жртвите од опожарената дискотека во Кочани.
-Пратениците го поздравија одличното менаџирање со жртвите на трагичниот настан, нагласувајќи дека успехот на здравствениот систем зависи во најголем дел од луѓето кои го сочинуваат тој систем. Огромна благодарност беше упатена и до сите оние од менаџментот, здравствениот и помошниот кадар кои директно или индиректно учествувале во справувањето со настанатата катастрофа, напиша Мизрахи на Фејсбук.
Слична објава имаше и директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски кој посочува дека на средбата имало корисна размена на информации и оддавање на признание.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка