Собранието почнува со работа
Собранието на Република Македонија денеска по пауза од две ипол недели почнува со работа.
За денеска е закажана 62. собраниска седница на која пратениците треба да разгледаат 87 предлог законски решенија од кои дел се во скратена постапка, а дел во второ читање.
На дневен ред се Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2015 година и Дополнетиот предлог на закон за национална база на податоци за лица со инвалидност, двата во второ читање. Како точка на дневен ред е ставен и Дополнетиот предлог на закон за престанување на важење на Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност во второ читање поднесен од Илија Димовски, Талат Џафери, Рафис Аљити и Антонио Милошоски.
Во прво читање ќе бидат разгледани измените на Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај, на Законот за архивски материјал и измените на Предлог законот за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење.
Пратениците ќе расправаат и за поголем број закони во скратена постапка од областа на финансиите, образованието, екологијата, транспортот, социјалата.....
Последната седница Собранието ја одржа на 31 јули кога пратениците имаа можност да постават прашања до членовите на Владата.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228