Собранието на Република Македонија ќе ја одржи 91. седница
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 91. седница на чиј дневен ред е Предлог одлуката за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.
На пленарната седница пратениците ќе расправаат и за повеќе предлог закони и дополнување меѓу кои и за Законот за јавните набавки по скратена постапка, законите за домување и за работни односи во прво читање.
Собранието ќе расправа и по предлогот за изменување и дополнување на законите за железничкиот систем, внатрешна пловидба, гробишта и комунални услуги, комуналните дејности, за јавна чистота, за градење... сите во прво читање.
Пред пратениците се и предлозите за изменувања и дополнувања на законите за ученички стандард, за учебници за основно и средно образование, за наставници во основните и средни училишта, образование на возрасни, студентскиот стандард,... сите во прво читање.
Седница ќе одржи и Комисијата за труд и социјална политика која ќе расправа по Предлог измените на Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци и за измените на Законот за спречување и заштита од дискриминација и двата во прво читање.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против четири лица и фирма за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево
-
На жена од кочанско и зел 4000 евра ветувајќи и пензија, па ја прекинал комуникацијата со неа
-
Активни три пожари - кај Винче, на Кожуф и на патот Богданци - Гевгелија
-
ПМФЛ: Победи за Вардар и Работнички
-
Трамп: Путин ме разочара, навистина ме разочара
-
Жител на Чашка измамен за 14 илјади евра, му рекле дека ќерка му имала сообраќајка и треба да се оперира
-
Делови од Карпош и Центар утре без вода
-
Премиера на филмот DJ Ахмет на последниот ден од фестивалот Браќа Манаки