Собранието ја усвои завршната сметка за Буџетот 2017
Собранието ја усвои завршната сметка за Буџетот за 2017 година во рамки на денешното продолжение на 53. седница.
- Изминатата година успешно се управувало со јавниот долг и како резултат на тоа во 2017 година, првпат после 9 години јавниот долг како процент од БДП е намален, рече министерот за финансии Драган Тевдовски во минатонеденото експозе пред пратениците.
Тевдовски потсети дека новата Влада во јуни лани затекнала брзорастечки јавен долг, кој од 1,5 милијарди евра во 2008 година е зголемен на 4,7 милијарди евра во 2016 година. Од претходната влада се наследени доспеани, а неплатени обврски насекаде низ системот.
По доаѓањето на власт на сегашната Влада, како што рече министерот, економскиот раст во втората половина од 2017 влегол во позитивна зона, со стапка на раст од 0,7 проценти. Приватната потрошувачка и извозот во текот на минатата година пораснале, додека невработеноста се намалила на 22,4 проценти.
Во однос на приходите во буџетот, министерот посочи дека имало солидна наплата и оти таа била повисока во однос на претходната година за 6,1 процент, а во однос на расходите редовно се покривале сите обврски на државата.
- Со Ребалансот од август 2017 од една страна беа скратени непродуктивни трошоци, трошоци за реклами, патни трошоци и репрезентација, и слично, а од друга страна беа овозможени мерки кои обезбедуваат подобрување на животниот стандард на граѓаните или поддршка на претпријатијата. Минималната плата беше зголемена на 12.000 денари и таа придонесе просечната нето-плата да биде порасне за повеќе од 5%, при што секторите за текстил, облека и кожа забележаа двоцифрен раст на платите. Активните мерки за вработување се зголемија. Беа обезбедени и средства за решавање на материјалното обезбедување на стечајните работници, кои дотогаш не беа опфатени со постојните законски решенија, рече Тевдовски.
Тој посочи дека минатата година капиталните расходи се реализирани на историско највисоко ниво во износ од 19,86 милијарди денари, и се за 2,89 милијарди денари повисоки во однос на реализацијата во 2016 година.
Буџетскиот дефицит е реализиран во износ од 16,86 милијарди денари или 2,7% од БДП. Тоа е за 1,71 милијарди денари помалку од проектираното со буџетот.
Ново на Сител
-
Австриска министерка за надворешни работи: Путин губи време, Русија ќе биде преплавена со ковчези
-
Откако Израел прогласи „тактичка пауза“, пристигнаа 100 камиони со помош во Газа
-
Алиу: 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв
-
Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови
-
До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни
-
Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија во гостиварско
-
Мајка и ќерка повредени кога нивното возило излетало и застанало на пругата кај Стар Мост во Велес
-
Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор, од нив осум се активни