Собранието го верификува мандатот на новиот пратеник Бедри Фазлиу
Собранието попладнево го верификува мандатот на новиот пратеник од ДУИ Бедри Фазлиу кој во законодавниот дом доаѓа на местото на Фљорин Бесими.
Претходно, Парламентот ја констатира оставката на Фљорин Бесими, која тој ја поднесе по реакцијата на Антикорупциската комисија, бидејќи неговиот брат Фатмир Бесими треба да биде предложен за министер за финансии.
По верификацијата на мандатот на Бесими, Собранието ја продолжи втората пленарна седница на која треба да биде утврден бројот на претседатели на законодавниот дом.
Пред утврдувањето на дневниот ред, мнозинството пратеници го одбија предлогот на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски за тргање на оваа точка од дневен ред.
Мицевски образложи дека предлогот Собранието да има пет потпретседатели ќе продуцира непотребни трошоци. Според ВМРО-ДПМНЕ, нема потреба од повеќе од тројца потпретседатели. Се повеќе од таа бројка, рече Мицевски, е задоволување на потребите на партнерите од парламентарното мнозинство и е спротивно на предизборните најави дека ќе се работи домаќински и ќе се кратат непотребите трошоци. Потсети дека во периодот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ имало тројца потпретседатели, а од 2017 и доаѓањето на коалицијата СДСМ и ДУИ нивниот број се зголемил на пет.
Силјановска Давкова, пак, смета дека Собранието треба да има двајца потпретседатели.
Координаторот на пратениците на СДСМ Јован Митревски реплицира дека денеска треба да биде донесена само одлука за бројот на потопретседатели, што не значи дека сите ќе бидат пополнети. За тоа дали ќе бидат двајца, тројца или повеќе, рече дека ќе се решева доплнително преку дебата во Парламентот.
Критиките од опозицијата дека се прават дополнителни трошоци, според него е непотребно правење драма и популизам.
Ново на Сител
-
Трамп: САД нема уште долго да ги толерираат изјавите на Зеленски
-
Муцунски: Унгарија е меѓу 10-те најголеми наши трговски партнери и странски инвеститори
-
Орбан ќе бара од Европскиот совет да нема заклучоци за Украина
-
Анкета: Само 13 oтсто од Украинците ги сметаат САД за пријателска земја
-
Муцунски: Нашата надворешна политика се базира на усогласеност со политиката на ЕУ и стратешкото партнерство со САД
-
Почна склучувањето договори за новата реколта тутун со нови цени
-
Сиљановска Давкова: Еднаквост и недискриминација, секој е еднаков пред законот
-
Сијарто: Унгарија и Северна Македонија го поддржуваат мирот во Украина што може да се постигне само со американско-руски договор