Собранието ги ратификуваше протоколите за влез на Финска и Шведска во НАТО
Собранието денеска на 82. седница со 103 гласа „за“ и два „против“ ги ратификуваше протоколите за пристапување на Република Финска и на Кралството Шведска во НАТО. Македонскиот Парламент првпат ратификува протоколи на нови земји аспиранти за членство во Алијансата, откако земјава официјално стана членка на НАТО на 27 март 2020.
За ратификацијата на протоколите за влез на Финска и Шведска во НАТО гласаа пратеници од владејачкото мнозинство и од опозицијата.
На денешната седница во Собранието присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, други членови на Владата и претставници на дипломатскиот кор во земјава.
По Самитот на НАТО во Мадрид, што се одржа кон крајот на минатиот месец, на 5 јули 2022 претставниците на 30 држави членки на Алијансата во Брисел ги потпишаа протоколите кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Шведска и на Финска во Пактот.
Шведска и Финска поднесоа барања за членство во Алијансата по почетокот на руската агресија врз Украина.
На дневен ред на 82. собраниска седница се и измените на Законот за судска служба, на Законот за јавнообвинителска служба и на Законот за извршители, трите по скратена постапка. Потребата за донесување на овие закони ја образложи министерот за правда Тупанчевски. На дневен ред на оваа седница се и измените и дополнувањата на Законот за вино, прво читање и Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.
На предлог на пратеничката Рина Ајдари од ДУИ со 92 гласа „за“ беше изгласано Законот за основање на Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје да биде ставен на дневен ред на оваа седница, а на предлог на пратеничката Марија Георгивска и одлуката за иемнување на членови на Одборот за доделување на наградата „8 Септември“.
Ново на Сител
-
Руско МО: Соборени 61 дрон над неколку руски региони, повеќе од половина во Ростовска област
-
Тешко повредена 72-годишна жена во сообраќајка во Прилеп
-
Пронајдена марихуана во домот на 52-годишен струмичанец
-
Тепачка пред казино во Неготино
-
Град Скопје: Засилен инспекциски надзор со цел намалување на аерозагадувањето, минатата недела изречени казни за над 20 сторители
-
Во Скопје утре посебен сообраќаен режим по повод празникот Бадник
-
Обилни снежни врнежи предизвикаа прекини на воздушниот и патниот сообраќај во Велика Британија
-
Мицкоски: Нашата иднина е да изградиме модерна и безбедна инфраструктура