Собрани околу 34 милиони денари во Фондот на солидарност
Црвениот крст на Република Македонија соопшти дека досега за настраданите во поплавите се собрани 33.944.220 денари на сметката на Фондот на солидарност.
Со донирање 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 досега се собрани 13.217.000 денари.
Од Црвениот крст информираат дека досега се дистрибуирани 33.084 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица), 31.004 дневни и топли оброци, 46.013 литри млечни производи, 6.446 пакети со хигиена, 2.109 бебешки пакети, 314 тони вода, 574 душеци, 4.408 кебиња, 600 кг. облека, 734 парчиња чизми, 341 литри дезинтал...Укажани се 177 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст.
Поради постоење на интерес за донирање во парични средства, како и за реализација на веќе најавени и потврдени донации од правни субјекти, од Црвениот крст информираат дека акцијата е продолжена за 7 дена и ќе трае заклучно со 29 август, а по нејзиното завршување средствата ќе бидат префрлени линеарно на сметките на граѓаните погодени од поплавите.
Заинтересираните правни субјекти и граѓани и натаму можат да се вклучат со обезбедување на парична помош на: жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка.
Од Црвениот крст апелираат во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефективно справување со последиците од природната катастрофа. Од 23 август помошта во материјални добра може да се предаде во магацините на Црвен крст на РМ во Момин Поток - Скопје од 8 до 18 часот (телефон за контакт: 3 096 227).
Ново на Сител
-
Мицкоски најави нови германски инвестиции, очекува растот на БДП да надмине три отсто
-
Утринава нови дојави за бомби во училиштата во БиХ
-
РТС: Експлозија во фабриката Слобода во Чачак, има повредени
-
АХВ: Вонредни контроли во Куманово, уништени 100 килограми небезбедно месо
-
Џабе пребарувате сигурно е киднапирана можеби и убиена, велел цело време таткото на Вања
-
Вања на интернет комуницирала со момче од Шведска кое на профилот имало знамиња од ИСИС
-
Се преврте туристички автобус во Турција, шест лица погинаа, а 25 се повредени
-
Без една рака со стап пробува да го бутне дронот, последниот момент од животот на Синвар | ВИДЕО