-->
-->
Собрани 7 илјади потписи од кумановци за промена на името на градскиот плоштад во „Македонија“
-->
На иницијативата за промена на името на градскиот плоштад на Куманово од сегашниот „Нова Југославија“ во „Македонија“ се потпишале над 7.000 граѓани. И покрај поддршката од граѓаните за иницијативата,претседателот на советот на општина Куманово,Максим Димитриевски на вчерашната седница на советот одби да ја стави како точка на дневен ред, соопшти на денешната прес-конференција, советникот Валентина Јовановска, од советничката група на коалицијата „За подобра Македонија“.
Според советниците на коaлицијата, претседателот на советот забранува демократска расправа на теми од јавен интерес.
- Кога првпат се обративме до советот со иницијативата неговата реакција, а и на СДСМ беше дека имало поважни проблеми во градот за кои треба да се расправа, а не за името на плоштадот, па да заврши дека името Македонија само ќе ги разгорело меѓуетничките тензии,дека ќе се менувала историјата и други невистини, рече Јовановска.
Потсети дека името на плоштадот се менувало во историјата. Од
ВМРО- ДПМНЕ на денешената прес-конференија порачаа дека токму името Македонија ги обединува граѓаните на Куманово. Нагласија дека кумановци отсекогаш се бореле на страна на слободите и правата, кои, подвлеквуаат, вчера грубо и недемократски се одземени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци