-->
-->
Собирни акции на Општинската организација на Црвениот крст од Куманово
-->
Општинската организација на Црвениот крст од Куманово денеска, заедно со волонтерите, организира собирни акции за изработка на проекти.
Како што соопшти секретарот на Општинската организација Бојан Петрушевски, собирните акции се во рамки на новиот циклус од проектот за хумани вредности.
- Со новите проекти од кои едниот се однесува на изработка на кутии за прва помош во основните и средните училишта се очекува да се вклучат и младите од основните и средните училишта од Куманово, Липково и Старо Нагоричане.
Вкупно се очекува да се подготоват дваесетина кутии кои ќе содржат неопходен материјал за прва помош, а ќе бидат обучени професорите по физичко образование за давање прва помош, информира Петрушевски.
Обуката ќе ја спроведат лиценцирани доктори во просториите на куманвскиот Црвен Крст.
Вториот проект се однесува на давање помош на осумчлено семејство од општина Старо Нагоричане кое влегува во категоријата социјално ранливи.
- Граѓаните може да донираат парична помош на пунктовите поставени на градскиот плоштад, да купат рачно подготвени изработки во пресрет на Денот на жената со што ќе бидат хумани и ќе му помогнат на семејството, изјави Петрушевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани
-
Во Берово утрово - 4 степени, дневната температура од 14 до 20 степени
-
Протест во Анкара поради апсењето на градоначалникот на Истанбул
-
Истрага против три лица за трговија со пет килограми марихуана
-
Од руско заробеништо вратени 4.306 украински војници
-
„Солун во молк за Кочани“ – точно напладне собир на солунскиот плоштад
-
Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка во Ѓорче Петров
-
Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола