Со заладувањето се појавија и првите пожари на оџаци во кавадаречко
Со заладувањето на времето се појавија и првите пожари на оџаци во кавадаречко, информираше денеска Илчо Богевски, командир на територијалната противпожарна единица од Кавадарци.
Во пресрет на најавените ниски температури и почетокот на грејната сезона, тој соопшти дека граѓаните кои користат дрва за огрев, треба да бидат внимателни за да не предизвикаат пожари.
- На почетокот на грејната сезона станарите во колективните станбени згради да ги надминат евентуалните недоразбирања и да ги проверат и исчистат заедничките оџаци. Граѓаните во индивидуалните станбени објекти пак, исто така да го сторат тоа, а особено тие кои живеат во постари куќи со таканаречен каратаван. Се мисли на објекти кои наместо бетонски плочи, имаат дрвени греди и трска. Таму неопходно е да се провери дали оџакот е правилно изведен и дали можеби поголем дел од гредата завлегува во него, рече Богевски.
Тој нагласи исто така дека на стартот на грејната сезона, потребно е дел од граѓаните исто така да си ја проверат и застарената електрична инсталација.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Нови владини одлуки
-
Тема на денот со Бојан Кордалов
-
За една недела 4 починати од Ковид – Вакцини се уште нема
-
Пратениците го одобрија унгарскиот заем од половина милијарда евра
-
Наим Рамука сменет од началничкото место поради пропуштањето на возилата на Гаши на „Блаце“
-
„Балансерот" за вработување пред Уставен суд
-
Бугарското МНР во одбрана на амбасадорот Радуков