-->
-->
Со рецитали на бугарски песни, отворено првото бугарско училиште во Скопје
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2018/february/vdsgerzgreahr-163761.jpg?itok=I6TfwZQV)
По пауза од 75 години, во Скопје е отворено бугарско училиште, објави Агенцијата за Бугарите во дијаспората (ДАБЧ) од каде информираат дека отварањето се случило на 25-ти јануари оваа година.
Како што стои во информацијата објавена на страната на оваа државна агенција на владата на Бугарија, училиштето е отворено со рецитали на бугарски песни.
Раководител на училиштето кое ќе работи во саботите и неделите е Илијана Атанасова, а наставата ќе се одржува во училиштето „Димитар Миладинов“ во Скопје.
Според Атанасова, причина за отворањето на училиштето се десетици бугарски семејства од цела Македонија. На нивно барање Министерството за надворешни работи на Бугарија одобрило “Курсеви за обука по бугарски јазик” за деца од 6 до 17 годишна возраст.
Во известувањето на Државната агенција за бугарите во дијаспората се вели и дека од Бугарија се испратени многу учебници, книги, помагала и материјали за успешен старт на училиштето.
Бугарските лингвистички експерти имаат дилема дали се работи за прво бугарско училиште во Македонија или за јазични курсеви, но велат дека ова е доказ дека односите меѓу двете земји напредуваат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Дигитална трансформација на јавните комунални претпријатија
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Агелер: Нема репреговарање на Договорот од Преспа и напредокот кон ЕУ
-
Детектор: Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ, но не по цена на Бугари во Уставот
-
Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Грција бара почитување на малцинствата