Со растот на бројот на заразени, Србија од утре со нови рестриктивни мерки
Владата на Србија денеска донесе нови мерки, на предлог на Кризниот штаб за заштита од коронавирусот, со кои се предвидува забрана за собирање на повеќе од десет лица на јавни места, како во затворен простор, така и на отворено.
Владата препорача да се користат маски на сите јавни места надвор, додека употребата на маски е задолжителна на места каде што не е можно да се обезбеди растојание од најмалку 1,5 метри, како што се редици пред продавниците, аптеките, автобуските и железничките постојки.
Во соопштението, српската Влада наведува дека на јавни места мора да има растојание од најмалку еден метар и поовина меѓу луѓето, односно дека може да има само едно лице на четири квадратни метри.
„Носењето заштитна маска е задолжително на сите јавни места во затворено, што значи дека родителите на малолетни деца, како и на деца со посебни потреби и нивните старатели, се должни да обезбедат нивните деца да носат заштитна маска“, посочуваат од Владата.
Во Србија, во изминатите 24 часа починаа 13 лица од Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи за време на епидемијата се зголеми на 442.
Во претходните 24 часа биле тестирани 9.183 лица, а присуството на вирусот е потврдено кај 383 лица, претежно во Белград. 4.662 пациенти се хоспитализирани во Србија, а 177 се на респиратор.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати