Со премиера на филмот „Ослободување на Скопје“ ќе стартува ИФФК „Браќа Манаки“
Со македонската премиера на филмот „Ослободување на Скопје“ в сабота ќе стартува 37.издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.
https://
Според официјалната фестивалска програма до 17. септември, кога фестивалот завршува, ќе бидат реализирани бројни настани на различни локации, односно во салите на Битолскиот Центар за култура, Битолскиот Музеј, Магазата и Театарот.
- Освен 150 филмски проекции во различни програмски категории, на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе се одржат и повеќе придружни манифестации, разговор со Федон Папамихаил, добитник на специјалната награда златна „Камера 300“ за особен придонес во светската уметност, мастер класови со Грациела Билдешејн и Алан Старски, културен настан поддржан од ИМАГО, а во рамките на програмата посветена за студентите ќе се одржат работилници со Карпо Година, Влатко Галевски и Феликс Леиберг, информираат од ИФФК „Браќа Манаки“-Битола.
Во рамки на дополнителната програма ќе бидат отворени изложбите „40 години Македонска кинематографија“ и „Тагата и радоста на Ромите“, планирани се конференции, средби, разговори...се до 17 септември кога на фестивалското платно во чест на наградените ќе биде емитуван македонскиот филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата