Свет
10. October 2016 - 19:01

ОН со повик за помош на Хаити

Обединетите нации денеска апелираа до донатори за 119 милиони долари помош за Хаити, погодени од ураганот „Метју“. Помошта е неопходна за храна, вода пиење и засолништа за населението.

- Ураганот Метју предизвика најголем ахуманитарна катастрофа на Хаити од земјотресот во 2010 година и тоа во време кога државата се соочува со се поголем број заболени од колера, се вели во апелот на ОН.

Бројот на загинати во налетот на Метју е 1.000, а жртвите се погребуваат во масовни гробници. Ураганот, најсилен на Карибите во изминатите 10 години ги погоди Хаити во минатиот вторник.

Хаити сега се соочуваат и со епидемија на колера. Медиумите јавуваат за 60 случаи и четири жртви од таа болест.