Балкан
14. October 2018 - 11:45

Со последниот гест им ја покажа својата човечност и големина: Колегата на Дравиќ: Утрово на колегите им однесов кифли која Милена им ги испрати, а сега не напушти

Големата српска актерка Милена Дравиќ почина вчера во болница на 79-годишна возраст, а како што српски Курир неофицијално дознава, таа последните денови ги поминала далеку од очите на јавноста, во тишина и во болничката соба. 
 
Актерот Војо Брајовиќ се прости од Милена Дравиќ. 
 
- И понатаму не можам да верувам дека не напушти. Милена замина во нашите секавања. Драган и таа беа две најсакани личности во нашата професија. Беше и секако најдобра актерка. Утрово ја снимавме серијата "Sinđeliće", а јас на екипата и донесов од кифлите кои таа ги испрати за нејзините колеги со кои во минатите години снимаше со нив. Требаше да ги видите нивните лица. Милена беше наша гордост, а ете сега и жалост.