Џет-Сет
7. January 2017 - 9:23

Селфи на сопругата на Тони Михајловски – во позадина…

Новата 2017 година започна прекрасно за актерот Тони Михајловски и неговата сопруга Александра.

Периодов во медиумскиот фокус е свршувачката на постариот син на Тони, актерот Александар со убавата Ангела Мицкоска од Прилеп.

Покрај ваквите убави мигови Тони среќен го прави и прекрасната атмосфера во неговиот новогодишно накитен дом. Неговата сопруга Александра се потруди елката да изгледа совршено и на неа стави низа украси. Сепак највпечатлив детаљ е што до елката има стапалки од Дедо Мраз.

Александра направи и селфи веднаш по капење без грам шминка на себе и уште еднаш докажа дека е природна убавица. Сигурни сме дека парот ужива во оваа атмосфера во овој празничен период.