Со изведување на докази на одбраната продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
Со изведување на докази од страна на одбраната, во Основен Кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за кое се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.
На изминатото рочиште, со изведување на материјални докази - шест ЦД дискови со видеа од безбедносните камери поставени на куќата на обвинетиот Велибор Манев, обвинителството го заврши изведувањето на докази. Во судница беа прикажани видеа каде Обвинителството тврди дека се гледаат обвинетите, вреќа за спиење, кофи, лопати... Првообвинетиот Палевски рече дека се манипулирани и неверодостојни и обвини за наметнување лажни докази.
Дел од доказите кои во текот на процесот ги изведе обвинителството беа сведочења на семејствата на Вања и Панче. Сослушани беа и службени лица, инспектори, познаници и соработници на обвинетиот Љупчо Палевски. Потоа, обвинителството изведе повеќе материјални докази кои вклучуваа видео-снимки од „безбеден град“, електронска комуникација на обвинетиот Палевски, предмети собрани од местото на настаните и извештаи од техничка обработка на возилото Рено Кангу.
Според обвинението, Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, се обвинети дека заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.
Ново на Сител
-
Топ-10 листа најплатени глумци за 2024 година
-
Му се слошило додека работел, 31 годишен Косовец почина во Гостивар
-
Средба на премиерот Мицкоски со неговиот унгарски колега Орбан
-
Во тешка состојба пронајдена двегодишната Дуња откако исчезна од пред семејната куќа во Уб
-
Граѓаните кои сметаат дека сметката за струја е неточна може да поднесат приговор до ЕВН во рок од осум дена
-
Еврокомисијата предлага фонд од 800 милијарди евра за инвестиции во одбраната
-
Апелација ја објави пресудата за Боки 13
-
Њујорк Тајмс: Трамп не ја гледа Украина како сојузник, туку исклучиво преку економски интерес