Со грант од 260.000 евра од ИПА обнова на улици во Пехчево
Во Пехчево започнаа градежните работи за реконструкција на осум улици во градот, проект кој е вреден 260 илјади евра, а средствата се обезбедени од грант на ЕУ преку претпристапните фондови на ИПА, а администрирани според правилата на Светска банка.
Градоначалникот Игор Поповски, кој направи увид на стартот на работата на фирмата „Жикол“, која го добила тендерот за реконструкција, истакна дека ќе се реконструираат осумте најоштетени улици во должина од три километри на кои нема нов асфалт повеќе од три децении.
- Од оваа недела почнуваме со обележување на трасата на 8-те улици и очекуваме да бидат завршени согласно со договорената динамика со изведувачот. Во Пехчево ќе се реконструираат улиците „Моша Пијаде“, „Гоце Делчев“, „Маршал Тито“, „Ванчо Китанов“, „Страшо Пинџур“ „Првомајска“, „Пиринска“ и „Буковиќ“. Овие улици ќе бидат комплетно реконструирани, со нов асфалт и дополнително ќе бидат поставени тротоари, рече Поповски.
Реконструкцијата на улиците треба да заврши за четири месеци.
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка