Со гол задник извлечен и последниот осомничен терорист од станот во Сен Дени
Полициската акција против терористите во Сен Дени заврши, соопшти портпаролот на француската Влада Стефан Ле Фол. Полицијата го извлече последниот осомничен од зградата, кој во моментот беше полугол и без долна облека на себе.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, изјавата на Фол уследи по завршувањето на седницата на Владата со учество на претседтелот на Франција, Франсоа Оланд во Елисејската палата.
Тој не даде повеќе детали за операцијата, велејќи дека тоа ќе го стори министерот за внатрешни работи Бернар Казенев.
Според информациите со кои се располага досега, но офицјално не се потврдени, во акцијата се убиени двајца терористи, седум други се уапсени, а пет припадници на силите на редот се полесно повредени. Во акцијата е убиено и едно полициско куче.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава