Со години ја злоставувале и малтретирале на училиште, па на матура се појавила со 126 моторџии
16 – годишната Клои Робинсон од Британија, која со години трпела малтретирање од страна на нејзините врсници во училиште, на прославата на матура пристигнала со 126 моторџии.
Клои трпеше насилство од својата 7 година и поради тоа нејзиниот стрико, Грант Робинсон (42) одлучи да ѝ приреди спектакуларен дочек пред матурската забава.
Грант, кој води група за поддршка на “Bikers Against Bullies”, организирал 126 моторџии да ја испратат Клои на забавата, со цел да ѝ дадат поддршка и да ѝ го разубават денот.
“Бев многу нервозна поради одењето на матурската забава и не знаев што можам да очекувам”, рекла Клои.
Додека таа излегувала од автомобил, моторџиите испуштале звуци од своите мотори во позадина.
“Беше тоа голем шок кога ги слушнав моторите и кога се појавија сите мотоциклисти. Не очекував толку многу луѓе, но добро ми дојде нивната поддршка. Мојата самодоверба порасна”, рекла Клои.
Како што раскажувала оваа девојка, моторџиите ја испратиле до училиште, а притоа добиле аплауз од сите присутни.
Ново на Сител
-
Грузиската опозиција не ги прифаќа изборните резултати, најави улични протести
-
Владејачката партија во Грузија прогласи победа на парламентарните избори
-
Предвремени парламентарни избори во Бугарија
-
Состојба на патишта
-
Денес сончево време со мала облачност и температура до 25 степени
-
Сиљановска Давкова ги прифати оставките на Комисијата за помилување
-
Бајден се надева дека последните израелски напади врз Иран ќе бидат „крај“ на директната размена на оган меѓу двете земји
-
Колективна оставка на Комисијата за помилување