Со фантомки и пластични пиштоли одзеле 650 илјади денари од „Нептун“- обвинение за две лица
Скопското јавно обвинителство покрена обвинение за две лица за разбојништво направено во продавницата за бела техника „Нептун“ во Градскиот стадион во Скопје, од каде под закана со лажно оружје одзеле над 650 илјади денари.
- Двајцата обвинети, на 29.11.2024 година, со електрични тротинети дошле до продавница за бела техника „Нептун“ во Градскиот стадион, маскирани со маски, шалови, качулки и ракавици, како и со пластични пиштоли во рацете. Едниот од нив на појасот носел и рачно изработена направа од два факли – пиротехника. Влегле во продавницата во која во моментот имало повеќе возрасни вработени лица и купувачи, како и три деца, па на присутните им се заканиле со наводното оружје. Од продавницата, под закана дека ќе нападнат врз животот и телото на присутните, одзеле 554.146 денари и уште 43 ваучери во вкупна вредност од 115.000 денари. Обвинетите потоа ја напуштиле продавницата, меѓутоа во непосредна близина биле затекнати од полициски службеници кои ги уапсиле, информираат од Републичкото јавно обвинителство.
Заедно со поднесеното обвинение јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети.
Ново на Сител
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш
-
Пет лица во Гази Баба нападнале двајца браќа со остри, метални и дрвени предмети
-
Приведен 35-годишник, возел со 1,84 промили алкохол
-
До четврток облачно со повремен дожд, во петок стабилизирање на времето
-
Кавадарчанка физички нападнала своја сограѓанка на фудбалско игралиште
-
3-годишно дете изело гумена бонбона при што почнало да се гуши и изгубило свест