-->
-->
Со дербито Шкендија – Вардар стартува новата сезона во ПМФЛ
-->
Со дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар ќе биде отворена новата сезона во македонскиот фудбалски шампионат, односно Првата лига (ПМФЛ).
Вака одреди денешната ждрепка што се одржа во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.
Дуел меѓу Шкендија и Вардар треба да се одигра во Тетово, на 13.август, но најавено е дека можеби и ќе дербито ќе се игра во друг термин, пред се поради настапот на двете екипи во европските купови, односно Лигата на шампионите и Лига Европа.
Во првото коло ќе се игра и пелагониското дерби и тоа во Прилеп каде Победа ќе биде домаќин на Пелистер.
Новите прволигаш ќе дебитираат на гостински терен. Академија Пандев ќе му гостува на Шкупи на Чаир, додека екипата на Скопје ќе патува во Кратово кај Силекс.
Последниот пар за воведната рунда во сезоната 2017/2018 го сочинуваат Работнички и Ренова.
Системот во ПМФЛ останува непроменет, па како и лани ќе бидат одиграни вкупно 36 кола по четирикружен систем.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори