Со „Англес 8“ завршува 34. Скопски џез-фестивал
Со концерт на осумчлениот шведски бенд „Англес 8“ кој свири современ џез како комбинација од разновидни музички влијанија, вечер во МОБ завршува 34. Скопски џез-фестивал.
Пред „Англес 8“ настапува монтреалското дуо - Сара Нуфелд и Колин Стетсон, кои на виолина и саксофон создаваат богати и егзотични звуци.
„Англес 8“ е формиран во 2007 година од алт-саксофонистот Мартин Кихен како „Англес 6“. Со наслов „Every woman is a tree“ таа година групата реализира снимка за „Cleen Feed“ од својот втор концерт во Стокхолм. Следуваат уште две концертни изданија, период во кој на бендот му се приклучуваат уште тројца членови, двајца нови и еден кој го заменува Магнус Бро со што ансамблот прераснува во „Англес 8“.
Сара Нуфелд и Колин Стетсон ги комбинираат своите соло-пристапи на лесен, бескомпромисен начин во израз што потсетува на некои нивни минати дела, но истовремено е нов и возбудлив.
Годинашниот Џез фестивал почна во четвртокот со настапите на американскиот гитарист Џејмс Блад Алмер и меѓународно реномираниот тромбонист од Италија Џанлука Петрела. Завчера на програмата беа германскиот пијанист Јоаким Кин, еден од најзначајните претставници на џез-авангардата, и триото на Авишаи Коен од Израел, кој е меѓу најголемите светски виртуози на контрабас.
Вчера, пак, публиката уживаше во музиката на американскиот композитор и пијанист Крег Тејборн и на неговиот сонародник - џез-пејачот и композитор Грегори Портер.
Полноќните термини во „Сити хол“ вчера и завчера беа резервирани за алт-саксофонистот и рапер Совето Кинч, претставник на британската џез и хипхоп-сцена, како и за џез-секстетот „Melt Yourself Down“ во кој членуваат неколкумина најиновативни музичари на џез, рок и ворлд-мјузик сцената во Велика Британија.
Скопскиот џез фестивал се одржува под покровителство на Министерството за култура, а автор на дизајнот на плакатот годинава е Карло Меѓугорац.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица од Велешта кои му се заканувале на пратеник од Струга
-
ЦУК: 15 пожари на отворен простор, девет активни и шест под контрола
-
Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО