Бизнис
12. August 2024 - 21:18

Со 67 гласа „за“ и 7 „против“, собранието го усвои Ребалансот на буџетот

Со 67 гласа „За“ и 7 „против“ Собранието го усвои ребалансот на буџетот.

Вкупните приходи се планирани на 318,2 милијарди денари, додека расходите на 362,8 милијарди денари.

Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, а инфлацијата на ниво од 3 и пол проценти.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски рече дека ребалансот е само обид да го дочекаме крајот на годината во што понормална состојба и најави дека веќе се подготвува буџетот за следната година.

Иако за расправа се предвидени три дена, буџетот беше изгласан за неколку часа.

Пратениците од Европскиот фронт си заминаа уште на почетокот оти беше симнат од дневен ред предлогот за измена на Законот за игрите на среќа.

За дебата не беа расположени ниту СДСМ. Критика имаше само од екс премиерот Димитар Ковачевски кој рече дека тие нема да го поддржат ребалансот и нема да одолговлекуваат.

Министерката за финансии го демантираше во Тема на денот на Сител. Вели пари има и средства за се она кое е предвидено со закон се обезбедени.

Седницата на која, освен ребалансот, има повеќе точки ќе продолжи утре во 12 часот.