Бизнис
30. August 2024 - 16:38

О2 иницијатива: Со корупција меѓу градоначалници и инвеститори се прави урбанистички хаос

Урбанистички хаос владее во државата. Се додека приватниот инвеститор, по сопствена  желба, го проектира и  финансира Деталниот Урбанистички план,  ќе гради кој каде сака и никој нема да одговара,  велат од О2 Иницијатива.  Ако Дуповите ги проектира државна инститиција, сметаат дека вакви проблеми нема да има. Ќе се намали и корупцијата  кај градоначалниците и советниците на општините, кои најчесто или земаат мито или се во тесна врска со инвеститорот

Од О2 се против забраната да се носат парцијални одлуки – односно да не се гради само во Карпош или Центар, а да се гради во останатите. Велат дека така нема да се реши проблемот, затоа што ќе станат пренатрупани останатите општини. Бараат градоначалничката Арсовска што поскоро да го донесе новиот Генерален урбанистички план, а државата  Законот за просторно планирање

Со помош на УСАИД креираа  платформа за борба на граѓаните и граќанските здруженија со корупцијата во урбанистичкото планирање, каде секој жител ќе може да добие информации  како се носат урбанистички планови, кој го носи, кои се советници, како да пријават нерегуларности  и корупција.   Најваија дека борбата против урбаната мафија ќе продоложи ,  а заканите кои ги добивале нивни членови кои протестирале против изградба на одредени локации, нема да ги заплашат.

.