-->
-->
Снимката од папата стана хит на Интернет: Се симнаа да му бакнат рака, но еден човек тотално се збуни
-->
Видео снимката од папата кој во италјанскиот град Лоретo ја подава раката за верниците да го бакнат неговиот прстен, стана вистински хит на Интернет.
Поглаварот на Римокатоличката црква наиде на критики од конзервативните католици, кои постојано го обвинуваат папата Франциск за застранување од црковната доктрина и кршење на црковната традиција, кој тој планирал да ја укине и праксата на бакнување на прстенот. Како аргумент, тие го посочуваат видеото од понеделникот, кога во италијанскиот град Лорето, Папата Франциск не им дозволуваше на верниците да му го бакнат прстенот.
Сепак, ситуацијата се одвиваше малку поинаку. И многу посмешно, додуша. Официјалната снимка на „Ватикан ТВ“ покажува дека папата Франциск стоел и се поздравувал цели 13 минути. Во првите 10 минути, дури 41 верник се поклониле и го бакнале прстенот или го направиле симболичниот гест на бакнување на прстенот. На Папата не му пречело, па дури ни кога деветмина од нив згора на тоа и го прегрнале.
Тогаш, одеднаш, можеби за да ја забрза работата, во период од 53 секунди, папата Франциск ја повлече раката од 19 верници кои се обидоа да му го бакнат прстенот. Еден човек дури заврши и целосно насамарен, по грешка бакнувајќи си ја својата рака откако Папата ја повлече неговата.
- Понекогаш тоа му одговара, а понекогаш не. Станува збор само за тоа, рекол еден близок соработник на папата кој сакал да остане анонимен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК