-->
-->
Снимиле како тоне луксузна јахта вредна 6 милиони долари!
-->
Локалните жители и туристите на грчкиот остров Миконос снимиле глетка која не се гледа секој ден.
Покрај брегот почнала да тоне луксузна јахта, усидрена помеѓу плажите Псароу и Платис Гиалос.
Кога бродот почнал да тоне, луѓето веднаш повикале крајбрежна стража и полиција, но покрај фотографирале и снимиле. Јахтата е проценета на 6,2 милиони долари.
Според тврдењата на локалните медиумите, сите патници на бродот се пренесени на сигурно и никој не е повреден. Сепак, се уште не е познато што го предизвикало тонењето, пренесе Грик репорт.
-->
-->
-->