Снимена најскапата реклама во историјата
Холивудските легенди Мартин Скорсезе, Роберт Де Ниро и Леонардо Ди Каприо беа најславните гости на отворањето на новото казино во Макао, каде беше претставен нивниот 15-минутен краткиот рекламен спот „Аудиција“, која е најскапата снимена реклама во историјата.
Во спотот, што го режираше Скорсезе, настапуваат Де Ниро и Ди Каприо, а накусо се појавува и Бред Пит.
Иако официјално не е потврдено, медиумите тврдат дека снимањето на рекламата чинело 70 милиони долари. Зад целиот проект стои австралискиот мултимилијардер, Џејмс Паркер, кој на овој начин сакал да добие најдобра можна промоција за својата нова коцкарница во Макао.
Пакер заедно со холивудските ѕвезди се појави на црвенит тепих на отворањето на казиното „Студио Сити“, која тематски е посветена на Холивуд и чија изградба чинеше 3,2 милијарди долари.
На отворањето пееше партнерката на Пакер, Мараја Кери.
Ново на Сител
-
Тим од медицинска сестра, социјален работник, психолог и физиотерапевт ќе посетува семејства од социјален ризик
-
Општина Босилово почна со рециклирање на текстилот
-
Преглед на вести од светот
-
23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба
-
Се уште се трага по исчезнатиот 60 годишен стружанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар