Снежна покривка и минусни утрински температури
Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, Маврово, Кула, Крушево, Крива Паланка – ГП Деве Баир и на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека. Забрана за движење на тешки товарни возила од изутринава се воведени на планинските премин Стража и Плетвар и на патниот правец крак Маврово – Дебар, информира Автомотосојузот на Македонија.Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето во земјава ќе биде под влијание на влажен и студен воздушен бран и ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни, од над 25 литри на квадратен метар. На планините врнежите ќе бидат од снег.
Во текот на денов врнежите ќе преминуваат од дожд во снег и во некои пониски места и ќе се формира тенка снежна покривка.Утринската температура ќе се движи од минус 5 до 3, а дневната од минус 2 до 6 степени.
Ново на Сител
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ