Снегот нема значително да ги оштети овошките, можно е само проретчување
Не се очекуваат значителни оштетувања на родот кај овошките, иако снежниот бран кој ја зафати Македонија ги затекна во фаза на полно цветање.
Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираат дека издржливоста на овошките на ниски температури се движи од -2 до -3 степени и оти остварените температури биле во овие граници.
- Најниски температури се очекуваат во недела кога, во утринските часови температурите би се спуштиле до -4 степени. Бидејќи овие температури се блиску до границите на издржливот, може да предизвикаат само проретчување на родот, но не и негово оштетување, велат од ресорното Министерство.
Досега, во подрачните канцеларии на Министерството за земјоделство нема пријавено штети од ниските температури од страна на земјоделците.
Според прогнозата од Управата за хидрометеоролшки работи на почетокот на следната недела се очекува променливо време со повремени врнежи од дожд и позитивни утрински температури. Во пораст ќе бидат и дневните температури. Во втората половина од неделата се очекува стабилизирање и пораст на дневните температури и до 20 степени.
Ново на Сител
-
Франција планира европска „иницијатива“ за прекин на конфликтот меѓу Иран и Израел
-
Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за „поддршката“ во војната против Иран
-
Израел пред празни трибини на Европската златна лига во Струмица
-
Русија го зголемува военото присуство на границата со Финска
-
Постапка против 23-годишник осомничен за тешка кражба во износ од 296.000 денари
-
Уапсен 21 годишник, фрлил ќесе со дрога па се обидел да избоде полицаец
-
Три лица повредени меѓу кои и малолетник по пресметка со ножеви во Чаир
-
Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор