-->
-->
Словенско младинско гледалишче со Херој 1.0 на Импакт во Велес
-->
Словенско младинско гледалишче со претставата Херој 1.0 гостува вечерва на 5. издание на Импакт фестивалот во Велес.
Претставата е во режија и концепт на Урош Каурин и Вито Вајс, кои се воедно и актерите во претставата.
Инаку, синоќа на малата сцена на велешкиот Народен театар во рамките на ИМПАКТ беше изведена претставата „Федра“ во режија на Александар Ивановски, која е копродукција на Велешкиот театар и Словенското младинско гледалишче од Љубљана, а во која играат актерите Васил Зафирчев и Маруша Облак.
Режисерот Ивановски, кој воедно е и раководител на Импакт, оцени дека е задоволен од развојот на фестивалот, бидејќи според него почнал да профилира мала, но своја публика, која вели се зголемува од година во година.
- Тоа зборува за гладта на велешката публика за нови искуства и перспективи во театарот и интерес за нови читања на театарските текстови, потенцира Ивановски.
Тој појасни дека идејата на „Импакт“ фестивалот е да создаде простор, кој континуирано секоја година барем неколку дена ќе носи провокативни претстави, кои се различни од она што сме навикнале да го гледаме на сцената во Велес и воопшта на македонските театарски сцени.
„Федра“, чија премиера беше деновиве на Фестивалот на античка драма „Стоби“, утре вечер ќе гостува на МОТ во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бројот на настрадани во поплавите во Шпанија се искачи на 224, најмногу жртви во Валенсија
-
Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски
-
Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе
-
Не ми требаат скапи работи и Мерцедеси | Бомбакис | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 070
-
Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура
-
Раниери се врати во Рома
-
Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес