Балкан
28. February 2022 - 16:37

Словенија со апел дека случувањата во Украина се сигнал за интеграција на Западен Балкан во ЕУ

Агресијата на Русија во Украина  е силен сигнал до Брисел да ги стави под закрила Западен Балкан и да го забрза процесот на проширување, порачуваат од словенечкото Собрание. На терен веке се гледаат туги  влијанија, предупреди претседателката на Комисијата за надворешна политика на Државниот збор на Словенија по средбата со нејзиниот колега Милошоски во Скопје.

Милошоски  ја обвини Владата дека нетранспаренто ги води преговорите со Бугарија и побара увид во  сеопфатниот документ кој се подготвува во тајност.

-Сметам дека таквиот начин не е демократски и затоа ќе ги повикаме и премиерот и Министерството за надворешни работи да дојдат во Собранието и да дадат отчет за тоа што го разговараат во моментот и дали истото е на линија на уставните одредници во Македонија, рече Милошоски

Ковачевски и Вархеји  деенска во Лондон се согласиле дека интеграцијата на Македонија не смее да чека ниту еден ден, оценувајки дека се создадени услови за разврска мегу Скопје и Софија.