Словенечкото Собрание едногласно до одби предлогот да се укине задолжителната вакцинација
Ниту еден пратеник во словенечкото Собрание не гласаше позитивно за предлогот да се укине задолжителната вакцинација на населението, јави дописниот на МИА од Љубљана.
Предлог законот, што во февруари го поднесе здружението „За здраво семејство“ со собрани 5.000 потписи, пропадна откако беше акламативно отфрлен од пратениците на власта и опозицијата со 80 гласови против.
Законското решение предвидуваше вакцинацијата да биде доброволна по желба на граѓаните, а не задолжителна.
Дел од пратениците изјавија дека станува збор за неодговорен и крајно небулозен предлог закон, бидејќи вакцинацијата е една од најголемите цивилизациски и медицински придобивки. Дополнително тие сметаат дека колективниот имунитет и здравје не е прашање на личен избор, туку на обврска која е законски регулирана за доброто на граѓаните.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата