Словенечките практики и искуства во повеќе сфери ќе се спроведуваат во Македонија
Словенечките институции ќе ги поддржат процесите на усогласување на македонското законодавство со законодавството на ЕУ во повеќе области, а ќе се користат и словенечките искуства во евроинтеграциските процеси.
За ова во рамки на посетата на Словенија разговарале министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните компании Зоран Шапуриќ и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски со министерките за труд, семејство, социјални работи и еднакви можности и за образование, наука и спорт, Ања Копач Мрак и Маја Маковец Бренчич.
Како што информира денеска Кабинетот на министерот, на средбите на Шапуриќ и Рашковски им биле изложени словенечките практики од проектот „Субвенционирање на студентски оброк“ поради потребите од негово воведување во Република Македонија, како и за правната регулатива поврзана со овој проект, кој повеќе години успешно се применува во Словенија.
Министерките Копач-Мрак и Маковец-Бренчич изразиле подготвеност за целосна поддршка на Владата на Република Македонија за имплементација на словенечките практики и искуства во повеќе сфери, како и поддршка на премиерот Зоран Заев за спроведување на реформските процеси.
За време на посетата Шапуриќ и Рашковски се сретнале и со претставници на повеќе институции и организации на Словенија поради искористување на словенечките искуства за воведување единствени регистри во повеќе области, како и со советникот на премиерот на словенечката влада, Клемен Бабник.
Ново на Сител
-
Нови владини одлуки
-
Тема на денот со Бојан Кордалов
-
За една недела 4 починати од Ковид – Вакцини се уште нема
-
Пратениците го одобрија унгарскиот заем од половина милијарда евра
-
Наим Рамука сменет од началничкото место поради пропуштањето на возилата на Гаши на „Блаце“
-
„Балансерот" за вработување пред Уставен суд
-
Бугарското МНР во одбрана на амбасадорот Радуков
-
Откажана утрешната средба на историската комисија со Бугарија