Словенечкиот Парламент отфрли иницијатива за референдум за бегалците и мигрантите
Словенечкиот Парламент одби денеска иницијатива на две партии да се одржи референдум на кој ќе се одлучи за прифаќање или одбивање на глобалниот пакт за миграции, односно декларацијата од Маракеш.
Иницијативата ја поднесоа Словенечката демократска партија на Јанез Јанша и Националната партија кои предложија референдумско прашање: – Дали сте за тоа Словенија да пристапи кон Глобален договор за безбедно уредена законска миграција со која се изедначуваат легалните и илегалните миграции?
Паралментарниот одбор за надворешна политика по четиричасовна расправа одлучи дека таков предлог не е адекватен за почеток на законодавна процедура за распишуавње референдум.
За предлогот гласаа само претставници на двете партии подносители.
Претходно, правната служба на Парламентот оцени дека референдумското прашање е „нејасно“ и затоа не може да се стави на референдум. Тие додадоа дека одлуки за прифаќање меѓународни договори и конвенции носат владата и парламентот и не може да бидат предмет на референдумско одлучување.
Ново на Сител
-
Зеленски: Првиот чекор кон мир во Украина е Русија да се согласи на безусловно примирје
-
Без вода делови од улиците „Џон Кенеди“ и „Кемал Сејфула“, населбата Топанско Поле со намален притисок
-
Без струја делови од Ѓорче Петров и Чучер Сандево
-
Утринава посвежо, во текот на денот сончево и потопло
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба