Грковска: Партнерски однос при зајакнување на демократските процеси во нашата држава

-Јакнењето на интегритетот е составен дел на системот за добро владеење, кој треба да обезбеди ефикасни институции и брзи и квалитетни услуги за граѓаните. Во соработка со УСАИД организиравме обуки за Етичкиот кодекс за 127 функционери, кои беа именувани оваа година, како и тестови за интегритет. Проектот исто така даде огромен придонес во процес на обучување на обучувачи кои понатаму самостојно ќе бидат во можност да ги држат обуките за Етичкиот кодекс и за интегритет, што е во насока на политиката на Кабинетот да креира одржливи системски решенија, нагласи Грковска.
На конференција, на која учествуваа и амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнз, како и претставници од граѓанските организации и Државната комисија за борба против корупцијата, вицепремиерката Грковска потенцираше дека Владата посвети големо внимание на транспарентноста и отчетноста на институциите, кои се основен и клучен предуслов за одговорно и ефикасно управување и токму затоа оваа година е постигнато највисоко ниво на транспарентност.
-Владата од една затворена институција со само 25 поени во 2016 година, денес во 2022 година се искачи на првата позиција со активната транспарентност 100. Истражувањето покажа дека мерките даваат позитивни резултати, својата активна транспарентност годинава ја подобрија дури 81 отсто од институциите, изјави Грковска.
На панел дискусиите, кои беа организирани во рамки на завршниот настан, панелистите дебатираа и за младинската вклученост и јакнење на дијалогот меѓу граѓаните и Владата за важните општествени прашања при креирање на јавните политики.
Ново на Сител
-
Жртва на „Беланоца-Барон“ убиен за 10.000 евра бидејќи предал обвинети во „Монструм“
-
Скопското обвинителство бара притвор за жител од Батинци поради недозволено држење оружје и муниција
-
„Генерацијата З“ пие сѐ помалку алкохол
-
Трагедија во Струга, бебе старо 2 месеци донесено починато во болница
-
Предлог Ратификација на Договорот со Обединетото Кралство во матичната собраниска комисија и на пленарна седница
-
Анчелоти: Во мојата кариера сум тренирал 34 Бразилци, имав проблеми само со еден
-
ЕХФ покренува судски постапки против Алкалоид и АЕК
-
Јамал во Барселона до 2031 година