Словачкиот министер за надворешни работи во посета на Косово
Словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак денеска ќе престојува во официјална посета на Косово.
Лајчак ќе пристигне во Приштина во попладневните часови, по што ќе ја открие спомен-плочата на загинатите словачки војници.
За време на кусиот престој во Приштина, Лајчак ќе се сретне со претседателката Атифете Јахјага, премиерот Иса Мустафа и со претседателот на парламентарната комисија за надворешна политика Енвер Хоџај.
Лајчак нема има средба со неговиот косовски колега Хашим Тачи, кој се наоѓа во официјалната посета на САД.
Шефот на словачката дипломатија ќе ја заврши посетата со средби во седиштето на КФОР, по што во вечерните часови ќе отпатува од Приштина.
Пренесувајќи ја веста за неговата посета, косовските медиуми наведуваат дека Лајчак е познат по неговиот позитивен став кон Косово, иако неговата земја се уште не ја признала неговата незвисност.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети