Словачката Влада обезбедува бесплатен одмор за сиромашните
Стотици социјално загрозени семејства во Словачка ќе имаат можност да одат на бесплатен одмор во рекреативните објекти, кои се во сопственост на државата, јави дописникот на МИА од Прага.
Според најавите, државата ќе ги надоместува трошоците за полн пансион за родителите и нивните деца во шест рекреативни објекти во сопственост на Министерствата за внатрешни работи и за одбрана, кои долго време не биле користени.
Објектите се наоѓаат во атрактивни локалитети во словачките бањи и планински места.
- Се работи за рекреативни патувања за сиромашните семејства од 4 до 7 дена. За овие потреби се резервирани вкупно 12.000 преноќувања во рекреативните објекти, изјави за словачките медиуми, портпаролката на Министерството за внатрешни работи Андреа Добиашова.
Услов за доделување на бесплатната рекреација е семеен приход што не ја надминува вредноста на 1.5 минимална плата, односно приход не поголем од 640 евра по семејство.
Вториот услов, е децата да одат редовно на училиште и да немаат неоправдани отсуства.
Ново на Сител
-
Активни шест пожари, вкупно 14 на отворен простор
-
Пронајдена е исчезнатата Билјана од Прилеп
-
Пронајден починат 55-годишен скопјанец во водите на Охридското Езеро
-
Редици пред првата „Лабубу“ продавница во Германија
-
Скопско со нова кампања: Вкусот што нѐ опушта и прави да сме свои
-
На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути
-
Во Газа досега загинаа 232 новинари
-
Отстранети пешкири, лежалки и чадори поставени без дозвола на плажите во Полихроно и Калитеа