Свет
2. February 2018 - 8:39

Словачката и германската полиција разбија мрежа за шверц на радиоактивни материјали

Голема количина радиоактивни материјали е запленета при заедничка операција на словачката и германската полиција, јави словачкото радио.

Запленетите 10 килограми „многу чиста и квалитетна радиоактивна материја“ можеле да бидат употребени за создавање нуклеарно оружје. Во Словачка операцијата била извршена вчера во градовите Попрад и Кержмарок. Полицијата гo претресла домот на италијански граѓанин кој живеел во Словачка кој е осомничен за создавање и водење на меѓународна група шверцери.

Против уапсените во операцијата се покренати обвиненија за нелегaлно производство и складирање на радиоактивни материјали, отровни хемиски материи и биолошки препарати.

Полицијата засега не соопштува детали за операцијата.