Словачка испраќа дополнителни војници на границата со Украина
Словачка ќе испрати дополнителни војници на границата со Украина, соопшти министерот за одбрана Јарослав Над, истовремено нагласувајќи дека нема непосредна воена закана за Словачка.
– Зајакнувањето на военото присуство на украинската граница, која е и надворешна граница и на ЕУ и на НАТО, главно ќе биде направено за поддршка на полицијата, рече Над, пренесува ДПА.
– Распоредивме 1.500 членови на вооружените сили за контрола на нашата источна граница, рече министерот, потврдувајќи и дека има планови за испраќање војници од други земји на НАТО во Словачка во блиска иднина. – Сепак, ова сè уште е предмет на дискусија со сојузниците, додаде Над.
Според видеа објавени на социјалните мрежи, веќе почна бранот бегалци од Украина кон Словачка.
Словачката гранична полиција и МВР во Братислава, пак, соопштија дека состојбата на граничните премини е мирна.
Ново на Сител
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?
-
Социјалните работници ги нема во институциите