Следува период на променливо време, со локални дождови и пониски температури
Утре ќе преовладува променливо облачно време, попладне со повеќе сончеви периоди, а ќе има појава на краткотраен локален дожд и грмежи. Преодно стабилизирање на
времето ќе има во петок, кога ќе почне да дува умерен до засилен јужен ветер, кој ќе се
задржи и во следните денови, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Под влијание на влажен бран во сабота ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер. Температурата значително ќе се намали. Во недела и понеделник ќе биде променливо облачно и се уште ветровито со појава на локални врнежи од дожд.
Времето и во декот на денов ќе биде шроменливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од јужен
правец. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени.
Ново на Сител
-
Онкологија доби нов директор - предизвици и проблеми еден куп
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија