Следи покачување - Расте цената на горивата
По краткиот период на раст, цената на суровата нафта на светските берзи повторно се намалува. Во текот на денешното тргување, американската „лесна“ нафта поевтини за 53 центи на 47,11 долари за барел, додека северноморската нафта од типот „брент“ се продава за половина долар поевтино односно по цена од 49,4 американски долари.
За македонски услови овие цени значат ново поскапување, биејќи во текот на претходните две недели, средната цена која ја одреди регулаторот изнесуваше 46,4 долари а денешната е за околу 3 долари повисока.
Следната корекција е закажана за 5 септември и тогаш се очекува горивата да поскапат меѓу половина и два денари, во зависност од движењето на цените во текот на оваа недела.
Минатиот понеделник, регулаторот ја покачи цената за 2 денари за сите нафтени деривати.
Во моментов малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,00 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 36,50 ден/лит.
Ново на Сител
-
Без струја делови од Чаир и Аеродром
-
Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина за забраната за користење на динарот на Косово
-
Путин го поддржува кинескиот план за мирно решавање на кризата во Украина
-
Стејт департментот му префрли на Конгресот една милијарда долари помош за Израел
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен дожд и ретки грмежи
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа