Славната убавица пронајдена мртва во својот стан: Камерите откриваат морничав детаљ!
Моделот Кристина Карлин Крафт била убиена во нејзиниот стан во близина на Филаделфија, а полицијата се обидува да го реши случајот.
Во средата, полицијата го пронашла телото на Крафт (36) во својот кревет во Ардмор. Аутопсијата открила дека станува збор за убиство и дека причината за нејзината смрт е давење. Извори велат дека на безбедносните снимки, еден човек ја следи манекенката во зградата ноќта пред нејзиното тело да биде пронајдено.
Се претпоставува дека убиецот избегал низ балконот. Полицијата не кажала кој ги поканил да одат во станот на манекенката. Досега никој не е уапсен и истрагата е во тек.
-Според полицијата, тие претходно биле во нејзиниот стан, бидејќи истражувале можен грабеж, откако таа неколку дена пред нејзината смрт известила дека и недостигале неколку парчиња накит и брендирани чанти ташни од нејзината куќа. Полицијата успеала да поврати дел од украдените предмети, но не било објавено дали крадецот е уапсен или дали има нешто поврзано со нејзиното убиство, пишува Daily Mail.
Крафт во новиот стан во тивко предградие на Ардмор се вселила пред една недела. Манекенката рекламирала брендови на долна облека, накит и облека. Крафт, исто така, се сликала и за Плејбој, но овие фотографии, како што тврди, биле направени со вкус и претставувале омаж на холивудскиот гламур.
Таа исто така се појавила во списанијата Максим, Ванити фер и др.
Ново на Сител
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа