-->
-->
Слаб земјотрес регистриран во близина на брегот на Северна Калифорнија
-->
Регистриран е нов слаб земјотрес во Тихиот Океан на околу 48 километри од брегот на Северна Калифорнија. Нема информации за евентуално повредени луѓе и причинета материјална штета.
Според првичните информации на Геофизичкиот институт на САД, земјотресот бил со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на длабочина од околу осум километри, на 64 километри југозападно од градот Јурика и на 400 километри северозападно од Сан Франциско.
Националниот центар за предупредување за цунами соопшти дека нема опасност од појава на големи бранови.
Во истиот крајбрежен реон во понеделникот беше регистриран земјотрес со интензитет од 4,9 степени, проследен со неколку послаби земјотреси во текот на неделата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза