Македонија
12. July 2021 - 11:45

Скратен е рокот за ревакцинација со „АстраЗенека“

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека рокот за ревакцинација на оние кои примиле „АстраЗенека“ ќе се скрати од 12 на 6 недели.

-Така ќе биде сега со сите граѓани кои ќе треба да се ревакцинираат со оваа вакцина, рече Филипче, додавајќи дека нема промена во препораките оваа вакцина да ја примаат само постарите лица, над 60 години.